И кога не го глуми Наим во „Преспав“ пак е газда, само во Тетово – со сопругата имаa уникатна свадба, а неодамна добија и синче (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во македонскиот ситком „Преспав“секој лик е посебна приказна за себе, а веќе четири сезони: Коста, Ула, Миле, Тони, Марио, Дончо, Наим, Талат, Јелена… секоја епизода имаат сцени за кои подоцна се прераскажува.

Газда Наим или актерот Адриан Азири, ја освои пуликата со своето „заразно“ смеење, за кое во едно интервју вели дека било клучно што ја добил таа улога.

Иако наликува на опасен тип кој води бизнис и во Саранда, Наим успева да го раководи и „Преспав“ и секогаш да изнаоѓа вакво или такво решение за згодите и незгодите во пансионот.

-Клучната карактеристика на Наим е смеењето кое што прв пат го искористив во претставата „Емигранти“ и на луѓето многу им се допадна. Кога се појавив на аудиција и кога се насмеав, продуцентот рече тоа е многу важно за ликот на Наим и тоа беше еден од најзначајните елементи и многу влијаеше за јас да ја добијам таа улога, вели Адријан за Fashionel.

Кога не глуми во „Преспав“, Адриан е повторно пред публика, но во тетовскиот театар, а угостителството му е силна страна и во приватноста, бидејќи е сопственик на познат бар во Тетово.

Интересно е тоа што со неговата сопруга Нермине имале уникатна свадба која се случила во таетарот и на уште две локации. Исто така, талентиран е и за музика- завршил основно музичко училиште и нема песна што не ја пее.

Инаку, пред една година со сопругата се остварија во улога на родители и го добија наследникот Дорсеј со кој често објавува фотографии на социјалните мрежи.