Пејачката не го штеди богатството за уживање: Ана Николиќ не можела да се одлучи каде да летува, па го посети овој рај на земјата

|

Познатата пејачка Ана Николиќ замина на одмор заедно со ќерката Тара, а за ова нејзино уживање потрошила цело богатство, пренесуваат српските медиуми.

Ана со наследничката во моментов се наоѓа на Тајланд каде во луксузен апартман се одмара со својата ќерка, а ова задоволство пејачката ја чини вистинско богатство.

Пред да отидат на Тајланд тие две биле во Дубаи, а како што наведува изворот близок до пејачката таа не можела да се одлучи само за една дестинација, па се одлучила да ги посети двете.

Медиумите за ова нејзино задоволство наведуваат дека таа потрошила ни повеќе, ни помалку, туку 20 илјади евра.