Колку чини најскапата хотелска соба во Македонија (ФОТО)

ИЗВОРНов лист
|

Дали треба да верувате во бројот на ѕвездите при изборот на хотел? Една, две… пет ѕвезди… Сè треба да се земе со резерва, пред сè затоа што класификацијата на хотелите во светот не е единствена, туку секоја земја сама утврдува што треба да задоволи одредена категорија.

The European Hotelstar Union, се заснова на германскиот систем, кој имаше големо влијание врз класификацијата на хотелите во Централна Европа. Овој систем ја укина минималната големина на просторијата за категорија и создаде каталог на критериуми што вклучува дури 270 елементи, од кои некои се потребни доколку хотел сака да добие одредена ѕвезда. Секој од овие елементи носи одреден број на поени што се додаваат заедно и се доделуваат звезди врз основа на добиените вредности.

Во Македонија, според популарниот „Booking“ се регистрирани 24 објекти со 5 ѕвезди. Десет од нив во Скопје.

А, секој треба да биде отворен 24 часа на ден, на сите гости треба да им се обезбеди вратар и лице задолжено за паркинг. Исто така, треба да има персонал за багаж во овие хотели. Лобито треба да биде пространо, со седење и бар. Секој гостин при пристигнувањето треба да најде свежо цвеќе или некој друг подарок за добредојде. Треба да има сеф во просториите и секако брз интернет. Хотелот треба да има сервис за пеглање кој може облеката да ви ја среди во рок од еден час. Базени, сауни, фризери, бутици со брендирани парчиња, теретани, спа центри…

Најатрактивни се Претседателските или кралските апартмани. Пространи, луксузни, прва класа! Во нив има скоро сè што ќе посакате. Раскошен мебел, скапи лустери, отмено осветлување, услуга во секој момент…

Најскапиот хотелски апартман или хотелска соба во Македонија се наоѓа во хотелот DoubleTree By Hilton Skopje. Се работи за кралскиот Претседателски апартман.

Располага со 170 квадратни метри- дневна, трпезарија, кујна, софа кревет, високи тавани, спална соба…

Целиот текст и повеќе слики погледнете на Машки магазин ТУКА.