Не можеше хрватскиот ракометен селектор Лино Червар да издржи пред камерите на хрватската РТЛ, па по загубеното финале, кога се прости од репрезентацијата која ја водеше до среброто, повторно патетично да потсети на неговиот минат труд во кариерата. Па повторно нѐ потсети и на неговиот ангажман во Металург и лошите услови во кои тогаш, наводно работел, објави Спорт1.
„Не можеш во животот сѐ да добиеш. Мораш да се задоволиш со тоа што го имаш. Кога ке ја видиш мојата кариера и сите мои медали. Благодарен сум, не се жалам. Со гордост гледам на мојата кариера. Израснав во малиот Умаг, со тамошниот клуб од петта лига, дојдовме до првата на СФРЈ, потоа со селекцијата на Италија ја елиминирав Словенија, па потоа на СП во Јапонија бевме рамноправни со сите. Па потоа бев во Македонија, пет години тренирав една екипа од крајот на градот, една сиромашна екипа, со неа двапати влеговме меѓу петте најдобри во Евцропа, а немавме ни добар тоалет“, изјави меѓудругото хрватскиот стратег.
Делот за Металург е на 2.27 од снимката:
Во трилер финишот, повеќе нерви и квалитет покажаа избраниците на Рибера, а еден од клучните моменти се случи во последниот напад кој го имаа Хрватите за израмнување. Игор Карачиќ направи чекори и македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов им доделија топка на Шпанците, по што Душебаев постигна погодок со кој беше ставено точка на финалето.
Во моменти на агонија, Лино Червар свика последен тајм-аут, а за време на истиот, испратил погрдни зборови на сметка на еден од македонските судии.
– Отиде времето…. Ни ја украде топката, да му е..м мајката безобразна. Ајде, да го завршиме нападот што побрзо, – порачал Червар според пишувањата на сите хрватски медиуми.