|
Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Од попладневните часови врнежите ќе бидат поинтензивни и на места ќе бидат пообилни, а кон крајот на денот ќе има услови за повремен снег и на некои повисоки места.
Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во ноќта кон сабота ќе дува се посилен северен ветер.
Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.