Марјана Станојковска облече венчаница

ИЗВОРновлист
|

Македонската водителка Марјана Станојковска носи многу епитети, дел од нив се згодна, убава, професионална,вредна. Марјана ја гледаме како водителка на „Лото“, но деновиве може да ја видиме и во разни други кампањи.

Нашата преубава водителка на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои носи венчаница. Сепак не станува збор за нејзината свадба, туку овој пат облече венчаница за да промовира еден настан.

Станува збор за „Саемот на венчаници“ кој ќе се одржи од 21 до 23 февруари во еден хотел во Скопје, а токму нашата водителка ќе биде една од учесничките.

Марјана со објавувањето на фотографијата на Инстаграм ги покани нејзините следбеници да дојдат на Саемот. Исто така ги покани своите фанови да учествуваат во играта која ја сподели на социјалните мрежи, па можеби токму некоја од нив ќе биде добитничката на венчаница.

Дали Марјана ќе ја видиме во венчаница за својата свадба на која ќе го каже судбоносното „да“, останува да видиме. За информација, нашата водителка е во повеќе годишна врска со поранешниот македонски кошаркар Пеце Наумовски. По 100 пробани веначаници, мислиме дека на Марјана и е време да ја облече и својата.