Снаата на Цеца во секојдневно издание: Еве како изгледа во петтиот месец од бремeноста

ИЗВОРновлист
|

Снаата на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ и сопругата на Вељко, Богдана Ражнатовиќ е во петтиот месец од бременоста. Таа е активна трудница. Ужива во својата бременост и ништо не ја спречува да ги извршува своите секојдневни активности.

Емисијата на „Папарацо лов“ ја начека Богдана во секојдневно издание како ги извршува своите дневни обврски. Како што можете да видите на фотографијата таа најпрво го шеташе своето куче, а веднаш потоа се упати кон Тител, односно кај нејзините родители.

Богдана беше видена и пред полициска станица, а најверојатно дошла да го промени своето презиме по свадбата.

За потсетување, Вељко и Богдана правеа свадба пред некој месец, свадба која беше наречена свадба на деценијата. Наскоро ќе станат родители на син за кој го одбраа името Жељко.