Седи си дома и спаси живот е препораката на Владата. Бројни мерки и препораки со цел локално да се спречи трансмисијата на вир*сот и да се избегне италијанското сценарио. Телевизија 24 и денес излезе на терен во проверка на состојбата и почитувањето на мерките и препораките за заштита од коронавирусот.
Намален е бројот на граѓани кои се движат низ централното градско подрачје, дел од излезените граѓани се упатуваат кон своите работни места а повеќето од нив носат заштитни маски. Интензитетот на сообраќај е значително намален .
Но, дел од граѓаните се чини дека не ги слушнале препораките или пак сметаат дека на нив не може да им се случи ништо, па така и денеска нивната камера забележа низа неправилности во однесувањето на жителите на главниот град.
На Битпазар, пазарот со најголема фрекфенција и посетеност во градот, која и денес се забележа, не беа почитувани дел од препораките на Владата. Групирани граѓани, без почитувања на безбедното растојание, продажба без соодветни хигиенски услови.
Владата препорача, возрасните лица да го сведат своето движење на минимум, и да го избегнуваат јавниот превоз. Оттаму забранија секакви јавни и приватни собири без оглед на бројот.
Во жена парк група на повозрасни лица денес после пладне јавно ја прекршија оваа мерка на Владата, па со груби и навредливи зборови се упатија кон екипата на ТВ 24, која сакаше да дознае зошто не ги почитуваат мерките.
Такси превозниците се во намален број но и тие кои се излезени низ улиците не ги почитуваат мерките во целост. Истата приказна и со јавниот превоз, па дел од возачите на автобусите не сакаат да носат заштитни маски и ракавици, а ги ставија само кога видоа дека се снимаат.
И во верските објекти бројот на верниците е намален, во џамиите рекоа дека на молитви последниве денови доаѓаат помал број на верници, а слична е состојбата и во православните храмови. Улица Македонија со поголем метеж за разлика од вчера, кафулињата не работат, но сонцето ги намами скопјани да ги прекршат препораките на Владата и излегоа на прошетка.