Доколку одгледувате цвеќиња мора да го знаете овој трик

ИЗВОРНов лист
|

На секое саксиско цвеќе му е потребно дополнително хранење, особено во вегетативниот период и периодот на цветање. А, сте знаеле ли дека обичниот квасец е неверојатно корисен за таа намена? Квасецот може да предизвика зголемен раст и процут дури и кај најбезнадежните билки.

Фитохормоните, витамините од групата Б и ауксините (растителните хормони), кои се наоѓаат во составот на квасецот, активно ја стимулираат клеточната делба и растот на растенијата. Потхранувањето од овој тип се користи од страна на професионалните одгледувачи на растенија.

Со примена на квасецот како храна за растенијата, нагло се зголемува активноста на микроорганизмите во почвата, се зголемува содржината на јаглерод диоксид, на микро и макро елементите, што има особено благотворно влијание на кореновиот систем и надворешниот изглед на самата билка.

Според тоа, доколку сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, подгответе раствор од квасец за нивно потхранување.

Во продолжение, ви го откриваме рецептот и начинот на употреба.

Потребни состојки:

10 грама свеж квасец; 1 кафена лажица шеќер; 1 литар топла вода. Начин на подготовка:

Растворете го квасецот во топла вода, додадете една кафена лажица шеќер и добро промешајте. Оставете го да отстои минимум 2 часа.

Со вака подготвениот раствор залевајте ги цвеќињата двапати месечно во есенско-зимскиот период, а еднаш во десет дена во пролетно-летната сезона.

Ќе забележите дека листовите ќе станат позелени, а цветовите побујни и побогати.