За време на карантинот и социјалната изолација многумина развија нови таленти, интереси и вештини.
Фудбалската, а може да се рече и модна икона, Дејвид Бекам за овие три месеци реши да ја промени професијата и стана пчелар.
Тој на својот профил на Инстаграм со обожавателите сподели видео-снимка во која прави кошница за пчели.
Снимката го прикажува Бекам како фокусирано и вешто ракува со чекан. Но, кошницата сѐ уште е во рана фаза.
Во исто време, Викторија Бекам ја објаснува процедурата и коментира дека убаво да се има свој мед.