Се ожени пејачот Маријан Стојаноски, наскоро ќе стане и татко

ИЗВОРНов лист
|

Македонскиот пејач Маријан Стојаноски вчера се ожени со својата долгогодишна девојка, охриѓанката Наташа Каранџулоска.

Откако во декември минатата година се свршија, Маријан и Наташа љубовта ја крунисаа со граѓански брак.

Парот на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од фотосесијата по нивното регистрирање во матично.

Повеќе од очигледно е тоа дека Маријан и Наташа за многу скоро време за првпат ќе станат и родители.

– Фамилија Стојаноски, напиша Наташа под фотографиите на кои се гледа трудничкото стомаче.