Фестивалот „Охрид колинг“ е одложен за следната година

ИЗВОРНов лист
|

Преку соопштение на својот Фејсбук профил продукцијата „Авалон“ информира дека одлучиле фестивалот „Охрид колинг“ да го одложат за следната година.

– Иако Комисијата за заразни болести во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучивме OHRID CALLING да го одложиме за следната година, велат од Авалон Продукција.

Оттаму откриваат дека периодов интензивно работеле на тоа истите артисти да ги префлат за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе трае ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 1-ви август 2021-та година на истата локација, во касарната во Охрид.

– Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети! Дотогаш, подготвувајте се за OHRID CALLING 2021 и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание на вашиот омилен фестивал! А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот!“ – истакнуваат од Авалон.

https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/photos/a.240053666022668/3551176618243673/?type=3&theater