Прифатени 5.000 приговори за платежната картичка

|

Дел од средношколците и студентите реагираа дека немаат добиено одговори дали ќе бидат прифатени нивните приговори за државните платежни картички од третиот сет на економски мерки на Владата.

Министерката за финансии Нина Ангеловска објави преку социјалните мрежи дека се прифатени пет илјади приговори за домашната платежна картичка од средношколци и студенти (16 до 29 години).

Овие лица од категоријата Млади – ќе бидат додадени на сајтот kupuvamdomasno.gov.mk и нивните картички ќе почнат да се изработуваат уште во наредните денови.

Институциите на системот, Министерството за образование и наука како и УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ ќе направат проверки на сите приговори најверојатно до крајот на неделата по што ќе се знае конечната бројка на прифатени приговори.

Ако се земат во предвид и претходно прифатените приговори од фруги категории на граѓани досега вкупно се прифатени 7.000 приговори.

Министерката Ангеловска изјави дека сите што исполнуваат услови ќе добијата платежна картичка.