Апасиев со предлог за измена на изборниот модел, Баденов наместо Донтов модел

|

Според лидерот на политичката партија Левица и иден пратеник во македонското собрание Димитар Апасиев, постојниот изборен модел е неправичен и нелогичен поради што предлага негова замена.

Според Апасиев, постои таканаречен Баденов модел, кој е поправичен, односно не ги „поништува“ гласовите кои се недоволни за пратеник, туку ги префрла на општа листа и нивниот збир најчесто е доволен за некој пратеник плус.

Во прилог изјавата на Апасиев поставена на неговиот Фејсбук профил:

Апасиев не е прв македонски политичар кој се жали на воспоставениот изборен модел во нашата држава. Донтовиот модел и во минатото беше наведен како фаворизирачки за големите во однос на малите политички партии, кои имаат гласови во повеќе изборни единици но недоволни за пратеник во секоја изборна единица одделно.

Пред почетокот на Предвремените парламентарни избори 2020, политичките субјекти започнаа дискусија за промена на моделот и воведување на само една избирачка единица – на територијата на целата држава, но не се дојде до консензус и изборите беа одржани според актуелната законска регулатива.