За новиот објект кај „Мавровка“ – сите надлежни велат треба да се руши, а тој се гради

|

На градилиштето каде што порано беше терасата на кафулето „Фонтана“ пред тц „Мавровка“ и понатаму се работи. Изградбата напредува со секој изминат ден.
Инспектори од МВР први го посетиле градилиштето и утврдиле дека се гради без дозвола, односно тој простор не е предвиден за таков објект.


Пота и инспектори од општина Чаир, наводно биле, утврдиле состојба и со записник ги задолжиле тие што градад во рок од 8 дена да го вратат просторот во првобитна сосотјба односно самите да стопираат со градба и да го срушат објектот.

И по десеттина дена објектот е сеуште таму и е се поблиску го финална реализација отколку до рушење.
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов на оваа тема се јави со свој статус на Фејсбук:

Тој вели – „На градежното дивеење кај Мавровка мора да се стави крај“.

На негово барање од страна на Инспекцискиот Совет е закажан заеднички инспекциски надзор на државниот и општинскиот градежен инспекторат.