Продолжува предвремената и етапна исплата на пензиите извести Министерството за труд и социјална политика. Исплатата на пензии за јули почнува од утре. Оваа мерка се реализира последниве четири месеци, а како дел од мерките за поголема заштита на пензионерите.
Пензионерите кои не користат картички се поделени во во четири групи и истите ќе можат да се обратат во филијалите и експозитурите на банките за според висината на пензијата. Прво ќе се исплаќаат пензии со висина до 11.000 денари, од среда пензии од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток пензија е може да подигнат пензионери кои имаат пензии помеѓу 14.001 денари и 18.000 денари и во петок ќе се исплаѓаат пензиите кои се повисоки од 18.000 денари – согласно соопштението од МТСП.
Оние пензионери кои користат платежна картичка, парите од пензијата можат да располагаат од вторник 28 јули. Пензионерите можат да ја подигнат јулската пензијата од банкоматите или да вршат плаќање во трговската мрежа како и електронски плаќања сметки и сл.