Во потрага по идеален животен партнер, луѓето честопати се свртуваат кон проучување и на хороскопските одлики на своите потенцијални партнери. Некои одат дотаму што не планираат да имаат ништо со оние, со кои не се согласуваат според хороскопот. „YourTango“ направи список со видовите и карактеристиките на жени на кои паѓаат одредени машки хороскопски знаци.
Овен
Овните паѓаат на силни и независни жени. Тие сакаат дами кои кажуваат точно што мислат и не се двоумат да прифатат каков било предизвик. За Овните, вистинските афродизијаци се успехот и способноста.
Бик
Жена која е како жена од учебник – забавна, женствена и вистинска поддршка е таа која ќе го освои срцето на Бикот. Тој нема да ја пушти таквата жена од себе толку лесно.
Близнаци
Близнаците паѓаат на исклучително интелигентни и креативни жени, полни со смисла за хумор. Ако успеете да го импресионирате и фасцинирате и ноќе и дење, тој е ваш без дилеми.
Рак
Раковите сакаат жени кои носат невиност и наивност, но и целосна посветеност на нив. Ако тие исто така покажат ранливост и желба тој да ги заштити – тие се готови.
Лав
Лавовите сакаат жени со отворен ум, полни со самодоверба. Овие мажи паѓаат на жени кои секогаш се уредни и средени. Телото мора да биде перфектно, а фризурата секогаш совршена. И не само тоа, Лавот сака жената да биде исклучително образована, интелигентна, успешна и духовита.
Девица
Мажите во овој знак паѓаат на типот „девојче од соседството“ – така што таа е симпатична, но не и фатална и е многу интелигентна. Таа е чувствителна, водена од логиката и многу лојална. Девиците не сакаат премногу емотивни реакции.
Вага
Вагите веруваат во идеални врски, така што тие секогаш ја бараат вистинската. Тие сакаат убава, самоуверена, интелигентна жена која ќе ги поддржува и ќе им биде верна во сè.
Шкорпија
Шкорпиите сакаат да бидат најдобри и да го имаат најдоброто. Овие мажи бараат жена која пука од убавина, таа е паметна, авантуристичка, страсна, атлетски тип и независна. Тие сакаат таа да биде иста како и самите тие.
Стрелец
Стрелецот сака енергична жена која постојано ќе му поставува нови предизвици и ќе го следи во неговите авантури без никакви проблеми и забелешки.
Јарец
На припадниците на овој знак им треба цела вечност за да се за вљубат во некого, но затоа тие бараат жена која трпеливо ќе ги чека. Тие сакаат убава, но не и вулгарна, приврзана, но не и љубоморна, а сепак жена покрај себе со која ќе имаат богат сопствен социјален живот а како приоритет, мора да има успешна кариера.
Водолија
Водолијата бега од жени кои ситничат. Тие сакаат независна жена која нема да ги следи нивните стапки, и ќе може да води живот одделен од нивниот, без да се прашуваат постојано кој каде е сега и зошто оди таму.
Риби
Мажите риби често се за вљубуваат, но она што навистина го бараат е нежна, дарежлива, и жена со отворен ум која сака уметност и животни.