Новак Ѓоковиќ после 10 години се сели од Монако – тој и семејството ќе живеат во „рајско“ место во Шпанија (видео)

|

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоkоковиќ, реши да се пресели со семејството во Шпанија, во Марбеља.

Новак реши да го смени своето живеалиште по 10 години. Тој ќе го напушти својот дом во Монте Карло и ќе живее со Јелена и децата во прекрасното летно одморалиште на југот на Шпанија.

Да потсетиме, семејството Ѓоковиќ во последно време поминуваа многу време во Марбеља. Во екот на кризата, тие останаа на ова „рајско место“ и очигледно навистина им се допадна животот таму.
Сопругата на Новак, Јелена, смета дека Марбеља е идеална за нивните деца да растат, особено од аспект на социјализацијата. Тие наводно планираат Стефан и Тара да одат на училиште таму кога ќе дојде време.

Марбеља се наоѓа во Андалузија, на крајниот југ на Шпанија. Има околу 140 илјади жители и климата е одлична во текот на целата година.