Овен нервозно, Вага љубов и разбирање – Викенд хороскоп 05-06 Септември 2020

|

Овен (21.03 – 20.04)

Овој викенд на работното место ќе направите некоја кавга. Јавно ќе се скарате со некои од најблиските колеги. Нема да можете да му ги простите грешките на партнерот и најверојатно ќе се збогувате со него.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе сакате да постигнете нешто, или некого да го убедите во нешто, но безуспешно. Потребно е да си ги преиспитате постапките, кон некој од работа не сте фер. Во љубовта ви здосадила монотонијата, па можно е среќата да ја побарате кај некое друго лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)

До вас ќе пристигуваат нови и нови задачи, а вие никако нема да можете да ги сработите. Пробајте да се мотивирате некако. Посакувате некоја личност, но никако да соберете храброст да и го кажете тоа. Можеби нареднава недела ќе преземете посмел чекор.

Рак (22.06 – 22.07)

Овој викенд нема воопшто да ви се работи. Ќе изнаоѓате разни начини да неработите, а наскоро можно е и да ја промените работата. Во љубовта одлично напредувате, секој ден сте се поблиски со партнерот. Приредете му некакво изненадување.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате неколку ненадејни ситуации кои ќе ве вознемират, но наскоро ќе сфатите дека не вределе да се нервирате за нив. Во љубовта ќе очекувате промени, но наместо да седите со скрстени раце, направете нешто.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе имате зголемен број на обврски, но тоа нема да ве уплаши, со добра концентрација ќе успеете се да завршите. Од наредната недела уште повеќе ќе се зближите со партнерот, ќе преминете на некое повисоко ниво.

Вага (23.09 – 22.10)

Викендов ќе ви биде одличен на деловен план, шефот ќе го забележи вашиот позитивен придонес. Во љубовта викендот ќе ви биде мирен и сталожен, исполнет со љубов и разбирање.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендов постојано ќе бидете во брзање со цел да стигнете да одработите сe што ви е зададено. Од наредната недела ви претстои можност за нов почеток во љубовта.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе ве нервираат некои секојдневни обврски, ќе сакате нешто да промените, можеби е добро да земете малку одмор. Партнерот ќе ви се најде во сите тешки моменти. Обидете се и вие да му ја дадете потребната поддршка.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе сакате гласно да кажете се што мислите, но тоа не е толку паметна идеја, па затоа премолчете некои работи. Во љубовниот живот ќе бидете некако занесени, па така нема да забележите дека се случиле некои промени, обидете се да ја ставите ситуацијата под контрола.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не наседнувајте на ситните канцелариски местенки. Некој ќе се обиде да ви подметне нешто, бидете внимателни. Во љубовта не ви цветат рози, но некако ќе успеете да ја поправите ситуацијата, само бидете смирени.

Риби (20.02 – 20.03)

Сите ваши обврски ќе ги завршите одеднаш, па во остатокот од викендот ќе можете да се опуштите. Ќе добиете добра вест во врска со работата. Некој сака да и наштети на вашата љубов, предупредете го тоа лице дека сте ги прочитале неговите намери.