Пејачката Теодора Џехверовиќ важи за една од најпопуларните пејачки од помладата генерација и нејзините настапи секогаш се од голем интерес за публиката, но покрај настапот, пејачката најде и друг начин да ја наплати својата популарност.
Имено, бидејќи е многу популарна на социјалните мрежи и ја следат скоро милион луѓе на Инстаграм, Теодора заработува значителна сума пари од рекламирање на споменатата платформа.
На социјалните мрежи кружи слика на која можете да ја видите преписката меѓу неа и огласувач кој сакал да соработува со неа. Тој и понудил соработка на младата пејачка: “Здраво Теодора. Дали сте за соработка?”.
Таа секако, му одговорила на прашањето за соработката, па му објаснила како стојат работите и колкав е ценовникот за услугите што ги бара огласувачот.
– Здраво. Наплатуваме за реклами. Да се објави оглас со производот што го избравме во продавницата е 500 евра. Да се објави на фидот (на профилот) 700 евра. Со почит – напишала таа или луѓето кои го водат нејзиниот официјален профил.
Судејќи според нејзините приказни, но и според рекламите во кои таа рекламира одредени производи, се шпекулира дека Теодора заработила околу 50.000 евра во изминатите шест месеци од тој бизнис, исто како и од нејзината изведба на сцена, претпоставува „Курир Старс“.
Пејачката рекламирала разни вили во Србија каде престојувала, костими за капење што се продаваат преку Интернет, чевли, додатоци за спортисти … Во просек, таа собирала од две до три илјади евра неделно.
Таа создадала вистински „мал клан“ околу себе, па во бизнисот го вклучила скоро целото семејство. Нејзиниот брат Сава и неговата девојка Андријана често патуваат и работат со неа.