Пешачиш, трчаш или планинариш ? – инсталирај апликација и добивај попусти

|

Македонци направија и веќе фунцкионира и може да се симне од Гугл Плеј Стор мобилната апликација која ги наградува корисниците кои пешачат, трачаат и планинарат.

Мобилната апликација Челенџер (Challenger)  има за цел да ја подигне свеста за аерозагадувањето како и да учествува во намалување на истото.

Поминатите зелени километри носат поени, кои потоа може да се заменат за попусти во продавниците.

Во апликацијата се предвидени и предизвици, со чија успешна реализација се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри, толку повеќе Челенџер поени кои носат попусти и награди.

„Идејата е да се натпреваруваме, меѓусебно да се мотивираме и да ги намалуваме CO2 емисиите во воздухот, а најважно е дека при овој процес создаваме нови локални супер еко херои. Challenger им помага на луѓето преку визуализација на намалени CO2 eмисии, да согледаат како секоја мала активност го подобрува општеството. Со оваа апликација создаваме група на луѓе и бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни”, изјавуаат од тимот.

Оваа апликација која е креирана од: Олга Рајчиќ, Теодора Чижбаноска, Стефан Алексиќ и Митко Орцев, во пресрет на зимата, ќе помогне секој нејзин корисник да се придружи на борбата за почист воздух.

На оваа апликација ќе се наградуваат и километрите поминати на велосипед, но таа опција ќе стане достапна наскоро.

Аапликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS , на следниов линк: https://challenger.mk/