Видеото со илјадници патки во поле со ориз предизвика бројни реакции – ќе се изненадите што прават

|

Секоја година стада од илјадници гладни патки се испуштаат во огромни полиња со ориз за да ги исчистат од несакани паразити и остатоци од последната берба.

pa

Човештвото е сведок на невиден технолошки напредок во изминатите неколку децении, но во Тајланд, вториот по големина извозник на ориз во светот, земјоделците продолжуваат да користат векови старо решение за одржување на полињата со ориз во оптимална состојба, пренесува „Oddity Central“.

Секоја година, тие се потпираат на одгледувачите на патки, кои ослободуваат илјадници, понекогаш десетици илјади гладни патки на нивните полиња за да ги исчистат од полжави и слични паразити, како и од плевел и остатоци од ориз од минатата реколта. Покрај тоа што дејствуваат како природен пестицид, патките оплодуваат полиња со измет.

„Предноста за одгледувачите е тоа што ги намалуваме трошоците за хранење на патки“, изјави 34-годишниот одгледувач на патки за Ројтерс. „За возврат, патките јадат паразити на фармата, а земјоделците можат да ја намалат количината на хемикалии и пестициди што ги користат“.

Патките, понекогаш се стари само 20 дена, шетаат по полињата со ориз околу пет месеци секоја година, движејќи се од фарма до фарма, пред да се вратат во фармата за патки да положат јајца, и таму се задржуваат наредните три години. Јато од 10.000 патки може темелно да исчисти фарма од 70 хектари за околу една недела.