Сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓokоковиќ на интересен начин ја прокоментира објавата на Кристофер Клири, новинар на престижниот „Њу Јорк Тајмс“.
“Дисквалификуван во Њу Јорк, издржливиот Новак возврати во Рим. Тој го победи Шварцман за 5-та титула во Рим. Новак сега има резултат 31: 1 во 2020 година, но во суштина е сè уште непоразен. Тој го претрпе единствениот пораз од сам себе“, напиша американскиот новинар, мислејќи на неговата дисквалификација на УС Опен.
Lol, that’s why he stopped bouncing the ball so much. So he can keep bouncing back no matter what 😉 https://t.co/aVMoEekxQN
— Jelena Djokovic (@jelenadjokovic) September 21, 2020
Овој интересен твит го привлече вниманието на Јелена, сопругата на српскиот ас, која на духовит начин го прокоментира овој коментар на спортскиот новинар:
“Затоа престана да ја тапка топката толку многу. За да може да продолжи да отскокнува без оглед на се”, напиша Јелена.