Според предлогот на Министерството за надворешни работи усвоен беше и предлогот на Закон за ратификација на Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги кон Договорот за изменување и пристапување кон Договорот за слободна трговија на Централна Европа, кој заедно со останатите предлог-закони ќе биде доставен во Собранието.
Одкако ќе се примени Дополнителниот протокол 6 кон Договорот за изменување и пристапување кон Договорот за слободна трговија на Централна Европа ќе се овозможи отворање нови пазари за компаниите во услужните дејности, привлекување странски инвестиции, трансфер на технологијата, создавање нови работни места, како и обезбедување поголема диверзификација и квалитет на услугите.
Со овој протокол се уредува трговијата со услуги меѓу земјите членки на ЦЕФТА и се либерализираат пазарите за услуги на земјите членки на ЦЕФТА во согласност со утврдениот распоред на преземените обврски на земјите членки на ЦЕФТА и во согласност со прописите на Светската трговска организација (СТО).
Информацијата за потребата од потпишување меморандум за разбирање помеѓу Владата и Европската банка за обнова и развој беше разгледана и усвоена од членовите на владата, која се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија.
Фокусот на соработката се однесува за следните области: зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст; одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност; и зајакнување на инвестициската клима и управување.
Преку денешната мерка донесена од владата ќе се воведе нова бескаматна кредитна линија која ќе биде лансирана со грант средства од Европската Унија. Кредитната линија ќе биде отворена за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди 30% грант за компаниите кои се водени или основани од жена, кои вработуваат млади лица, кои се извозно ориентирани или кои ќе воведат иновации, дигитализација и е-трговија во нивното работење.
Износот на средства за реализација на оваа мерка ќевизнесува 1,9 милијарди денари (31.000.000,00 евра) од кои 30.000.000,00 (триесет милиони) евра ќе се обезбедат преку Делегацијата на Европска Унија а 60.000.000,00 (шеесет милиони) денари или околу 1 милион евра се национално ко-финансирање буџетирани од П1 КОВИД програмата во Министерство за економија.