Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на Кисела Вода и Сопиште изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18, 17 за неисправни и нерегистрирани возила, за возење под дејство на алкохол 6 санкции и 16 мерки за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, апелираат од Министерството.