Како што информираат од Управата за хидрометеролошки работи, утре кон крајот на денот и во сабота ќе дува засилен северен ветер, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег.
Намалување на температурата следува во сабота, а од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои ќе се спуштаат под -5 степени.