Акцијата за чистење на реоните во населбата Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар и булеварот „Февруарски поход“, Општина Аеродром ќе ја започне од утре.
Како што соопштуваат од Општина Аеродром, во акцијата ќе биде опфатено чистење на комуналниот отпад од јавните површини, метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на дивите депонии.
Во акцијата ќе биде вклучена целата расположлива механизација во спроведување на акцијата: 50 работници, девет рачни машини за чистење и дезинфекција на јавни површини, две возила за метење, два камиона, три ѓубретарки и механизација за чистење депонии.
Ваквите акции за чистење ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на општината, информираат од Општината, и апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот во услови на пандемија и зголемено загадување.