Глумицата Меган Фокс конечно поднесе документи за развод од сопругот, неколку месеци по неформалната разделба со Брајан Остин Грин и неколку дена откако „официјално“ зачекори по црвенииот тепих со новото момче.
Таа во неделата се појави со момчето на црвениот тепих на Американските музички награди, а документите за развод се поднесени завчера, во средата. Повеќе детали не се откриваат.
Грин и Фокс се разделија во мај, по што двајцата во јавноста се појавуваа со други партнери – таа со раперот, а тој со 2-3 други девојки.
Инаку, една од главните причини кои Грин и Фокс се разделија е дека Меган е фрустрирана од обидите на Грин да ја претстави како лоша мајка, користејки ги децата во процесот.