По повод 9. Декември- Мегународниот ден за борба против корупција, Скопје осамна со транспаренти, чија содржина укажува на присуството на корупцијата во нашето општество. Вкупно 8 транспаренти со фиктивни содржина, но базирани на реалноста во која живееме, се поставени на исто толку места, кои се адекватни со содржината на транспарентите.
Автори на овие транспаренти се група активисти од главниот град.
На 9 декември 2020 година, од 11:00 до 12:30 часот, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе одржи настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
На настанот ќе бидат претставени клучните активности и идни предизвици во борбата против корупцијата и судирот на интереси, а обраќања ќе имаат претставници на законодавната и извршната власт, меѓународната заедница и граѓанскиот сектор, по што ќе следува дискусија.
Учеството на настанот ќе се одвива онлајн. Сите заинтересирани да бидат дел од настанот ќе можат да пристапат на онлајн платформата преку следниот линк.
Настанот е заеднички организиран и поддржан од ЕУ проектот ИПА II „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација”.