Меркел повторно избрана за најмоќна жена според Форбс

ИЗВОРНов Лист
|

Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш, десетта година по ред, е прогласена за најмоќната жена во светот, според магазинот „Форбс“.

Втора година по ред, шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард го зазеде второто место на списокот на „Форбс“ за најмоќни жени.

На 17-тата годишна листа на „Форбс“, жените доаѓаат од 30 земји и се родени во четири генерации. Меѓу нив има десет шефови на држави и 38 извршни директори.

Но, иако тие се разликуваат во возраста, националноста и описот на работата, тие се обединети во начините на кои ги користат своите платформи за решавање на уникатните предизвици оваа година.

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн ги победи првиот и вториот бран во нејзината земја со наметнување строги заклучувања и карантин.

Тајванскиот претседател Цаи Инг-Вен спроведе ригорозна програма за барање контакти во јануари. Како резултат, до денес, островот со 23 милиони жители изгуби само седум лица од вирусот.