Краток тест на личноста: Како го пишувате знакот Х

ИЗВОРНов Лист
|

Дали сте бунтовник или сакате мир? Решете го овој мал тест, забавувајте се и дознајте!

Работа за која наголемо се зборува на социјалните мрежи – како го пишувате знакот X?

Еден корисник на твитер под името “cyanpotato” им го постави ова прашање на своите следбеници, заедно со сликата на која се прикажани осум варијанти на пишување на X, и овој твит стана толку популарен што успеа да го привлече и вниманието на медиумите.

Погледнете ја сликата, одговорете на прашањето: како го пишувате знакот X, а потоа прочитајте што тоа говори за вас, според анализата на Кати Мекнајт, жена која се занимава со проучување на ракописи.

#1

Ако го напишете знакот X на овој начин, почнувајќи одоздола, вие сакате да одите напред, но сте заглавени во минатото

#2

Имате силна желба за промена, желба да се извлечете од минатото и да тргнете напред, но нешто ве врзува за минатото.

#3

Ако ова е вашиот начин на пишување X, вие сте секогаш бунтовни, без оглед на ситуацијата.

#4

Едната линија ја почнувате од дното, а другата одозгора – се обидувате да се фокусирате на иднината, но некои од вас се во искушение да одат “наназад“.

#5

Првата линија ја пишувате од дното, а другата од врвот – тоа значи дека сте бунтовник и дека сакате да живеете исклучиво според ваши правила.

#6

Вие сте трендсетер и сакате сами да ги поставите правилата на игра.

#7

Кати открива дека повеќето луѓе X го пишуваат токму на овој начин – онака како што не учеа на училиште. Според неа, тоа покажува дека не сакате да се оттргнете од нормите и правилата и дека сакате се да биде под контрола и во рамнотежа.

#8

Ако сте еден од оние кои го пишуваат знакот X на овој начин, станува збор за личност која сака да размислува “надвор од кутијата“.

Сега, откако ви стана јасно дека секој од нас различно го пишува знакот X, можеби дознавте некои работи за вас кои не сте ги знаеле или само сте ги потврдиле познатите факти.