Секогаш погрешно ја користиме: Знаете ли за што служи рачката на внатрешниот ретровизор во автомобилите?

ИЗВОРНов Лист
|

Малата рачка на внатрешниот ретровизор во автомобилот сите сме ја приметиле но речиси сите погрешно ја користиме, будејќи таа не служи за поставување на разни украси или во последно време закачување на заштитните маски.

Некои возачи тоа го знаат додека другите за тоа не размислувале премногу, но тоа е рачка за ден/ноќ возење, односно служи за заштита на возачите при ноќно возење да не ги заслепат светлата на возилата кои се наоѓаат позади нив. Експертите објаснуваат што всушност се случува:

– При ноќно возење може да се случи да ве заслепат силните светла на возилата кои доаѓаат или возат позади вас. На долниот дел ретровизорот е поставена рачката која можете да ја повлечете или турнете нагоре. Огледалото се поместува надоле или нагоре и силната светлина позади вас нема да ви смета. Вратет ја рачката во почетната позиција и огледалото ќе се помести во идентична позиција, објаснуваат за порталот Инструктор вожње.

Додаваат дека и внатрешниот и надворешните ретровизори се подесуваат откако возачкото седиште е во најдобра положба за возење.

Исто така, кога ќе го наместите внатрешното огледало, добро внимавајте да не размачкате со прстите и оддржувајте го чисто за да видливоста е најдобра. Всушност тој ретровизор прикажува објектите најрелни.

– Надворешниот лев ретровизор ги покажува објектите оддалечени отколку што се. Надворешниот ретровизор ги покажува објектите уште подалеку отколку што ги покажува надворешниот лев ретровизор, додаваат на крајот.