Ѕвездите укажуваат дека имате квалитет за визија и за препознавање на сопствените вредности

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ослободете се од стравот и работете на елиминирање на неизвесноста и песимистичкото размислување. Ѕвездите укажуваат дека имате квалитет за воспоставување на новата визија и за препознавање на сопствените вредности. Затоа наместо постојано да се окупирате со минатото и да ја блокирате својата продуктивна и креативна енергија, најдобро е да другарувате со добронамерниците.

Бик (21.04 – 21.05)

Првиот чекор кон воспоставувањето на новата визија во животот е направен, поради што отсега натаму многу нешта ќе ви одат полесно. Но, тоа не значи дека треба да се опуштите и да заборавите на обврските, напротив, ќе мора со уште поголема сила да ги стабилизирате околностите, бидејќи за да се почувствува задоволството, треба мошне упорно и дисциплинирано да се работи.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Патувањето и контактот со лица кои доаѓаат или професионално се поврзани со странство, одлично ќе влијае врз вашата личност во текот на следните денови. Затоа прифатете ги предизвиците, активирајте ја својата авантуристичка природа и воспоставете нови похармонични односи во сите сфери на животот.

Рак (22.06 – 22.07)

Во минатиот период со вас царуваше стравот и соочувањето со бесперспективноста. Но, бидејќи ја имате поддршката од планетите, време е да се организирате, односно да направите напор за оптимистичко размислување и за реализирање на потенцијалите. Преголемата зависност од туѓите ветувања ви го стопираа напредувањето.

Лав (23.07 – 22.08)

Не дозволувајте да ве понесат емоциите и да ви предизвикаат нервоза во љубовта, зашто ако премногу се отворите за другите и им ги предочите своите слабости, тогаш кризата и оптоварувањето нема да ве заобиколат. Подобро е да преиспитате со кого си имате работа и да не дозволите туѓата мистичност и недефинираност да ви создадат проблематична ситуација.

Девица (23.08 – 22.09)

Искористете го присуството на Сонцето во вашето поле и придвижете ги нештата кон вистинската насока на животот. Имено, виталноста, храброста и подготвеноста за иницирање промени на психофизички план, треба да бидат главниот мотиватор кој ќе ве однесе кон успехот и хармонијата.

Вага (23.09 – 22.10)

Среќата по којзнае кој пат повторно ќе засјае на вашето небо, поради што ќе успеете да се извлечете од мошне проблематичната состојба, а во која се најдовте поради преголемата доверба во туѓите сугестии и наивното однесување. Затоа, ако не сакате и понатака да се соочувате со егзистенцијалниот лавиринт, ви се препорачува да бидете селективни, да не и подлегнувате на еуфоријата.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Љубовта полека, но сигурно целосно го зафаќа вашето срце, поради што почнувате од корен да го менувате стилот на однесување и дејствување и со тоа да се приспособувате на новите настани и ситуации. Ѕвездите ве советуваат да уживате во емотивните задоволства и да го следите говорот на телото, но притоа ви препорачуваат да не ги запоставите обврските што ги имате во професионалната, односно интелектуалната сфера на егзистирање.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Без оглед што жалите за неискористените можности кои ви се отворија во претходниот период, кога се најдовте пред одлична ситуација за целосно реализирање на желбите и за воспоставување на хармонијата, денеска ќе имате поправен испит и потенцијал за напредување. Имено, не е со загубено, како што изгледа, бидејќи се уште го имате квалитетот и предиспозицијата да го постигнете тоа што го пропуштивте.

Јарец (22.12 – 20.01)

Работите што долго време ги одложувавте, во текот на денов ќе ви бидат остварени. Затоа, преземете акција и направете го тоа за кое долг период се подготвувавте. Ѕвездите ветуваат успех и хармонична соработка со другите. Љубовните вибрации ќе ви овозможат храбар настап и неспособност за криење на чувствата.

Водолија (21.01 – 19.02)

Согледајте ги околностите што ви ја предизвикаа кризата и наместо да ги обвинувате другите за со што ви се случува во животот, најдобро е да почнете да се менувате себеси и со поголем оптимизам да ја воспоставите хармонијата на психофизички план. Иако, ѕвездите не се најсовршено поставени, тоа не значи дека нема да се извлечете од оптоварувањата, само треба мудро и тактички да им пријдете на обврските.

Риби (20.02 – 20.03)

Следете ја позитивната енергија, верувајте во тоа што го поседувате и вложете во надградбата на интелектуален план, зашто ѕвездите ќе ви овозможат реализација, иако не се очекува експресно да стигнете до целта. Затоа, елиминирајте ги непродуктивните влијанија на лицата кои ве опкружуваат, заборавете на негативните искуства од минатото и храбро соочете се со новитетите што постепено ќе ви се отворат на емотивен, односно професионален план.