Наскоро: GoGlobal – Виртуелни сесии за маркетинг стратегии наменети за перформанс огласувачи

ИЗВОРНов Лист
|

GoGlobal, еднодневен виртуелен настан составен од динамични сесии за маркетинг стратегии, ќе се случи за првпат на 29 септември 2021 година, со почеток од 13.00 часот по Средноевропско време. Под организација на „Aleph Holding“, овој настан ќе ги собере светски познатите маркетинг лидери и говорници кои се партнери на Aleph, вклучувајќи ги Facebook, Snapchat and TikTok, како и огласувачи кои успешно ги искористиле придобивките од овие платформи за да ги подобрат своите резултати. Приклучете се на сесиите и слушнете ги индивидуални лекции и совети на говорниците, кои се наменети да им помогнат на регионалните брендови да го забрзаат својот глобален раст преку огласување на социјалните медиуми.

Ерикас Плоткинас (Erikas Plotkinas) – маркетинг директор на “Kilo Health”; Андреј Кугониќ (Andrej Kugonić) – одговорен за маркетинг и раст во “Nordeus”; Катарзина Паливода (Katarzyna Paliwoda) – директор за нови пазари во “Facebook CEE”; Артурс Лукасевиц (Arturs Lukasevics) – раководител за раст за Центрлна Европа на “TikTok”, Имран Кан (Imran Khan) – извршен директор и ко-основач на “Verishop”; Дени Рајт (Danny Wright) – главен директор за брендови на “Adweek” и Марис Наглис (Maris Naglis) – потпретседател за успех на клиентите во “Httpool” се само дел од лидерите во индустријата и перформанс маркетинг експерти, кои ќе ги споделат своите ексклузивни согледувања и знаења за време на настанот GoGlobal.

Во само еден ден исполнет со одлични сесии, присутните ќе дознаат како да:

● Го забрзаат растот на својот бренд преку сеопфатна стратегија за перформанс огласување
● Ги постават основните елементи за успех и да почнат да ја следат животната вредност за клиентите
● Да ја искористат моќта на брендирањето за да го засилат растот
● И многу повеќе!

Настанот може да го следите бесплатно, а веќе е започнат процесот на регистрација за сите заинтересирани, без оглед на нивната локација: https://goglobal.events/

“GoGlobal е првиот од низа настани организирани од „Aleph“ чија цел е да се сподели знаење и да им се помогне на компаниите максимално да го искористат глобалниот потенцијал што дигитализацијата и социјалните медиуми го нудат. Настанот ќе овозможи перформанс огласувачите да дознаат нешто повеќе од најуспешните во нивниот сектор како и од најуспешните брендови на пазарот, но и да се запознаат со најновите трендови за искористување на потенцијалот што го нудат 4 милијарди луѓе кои секојдневно се активни на дигиталните платформи.“ – Марис Наглис, потпретседател за успех на клиентите во Httpool, компанија на „Aleph Holding“.

Aleph е најголемиот глобален партнер за дигитални медиуми во светот кој работи на 85 пазари и кој има доверена задача да ги поврзе најголемите играчи во дигиталните медиуми со огласувачите кои се потпираат на нив. Дел од ексклузивните партнери во различни земји се Twitter, Spotify, Snapchat, LinkedIn, TikTok, Facebook, Twitch, Tripadvisor, and EA, меѓу другите. Httpool е компанија на Aleph Holding, која е претставник на водечките платформи за дигитални медиуми во повеќе од 60 пазари во Европа и Азија.

Уникатната комбинација на пристап до најголемите дигитални играчи, сопствена технологија и експертско практично знаење им овозможува на Httpool и IMS (Internet Media Services) да ги поддржат бизнисите и брендовите во искористување на максималниот потенцијал во нивните напори за рекламирање и подобрување на деловниот успех.

За повеќе информации, ве молиме обратете се до:
Špela Majcen Marušič, Глобален менаџер за односи со јавноста –
marusic@httpool.com
Јане Бајалџиев, Управител на Httpool Македонија
bajaldziev@httpool.com