Четиринаесет години поминаа од создавањето на неговиот голем хит „Црно мече“ од пејачот Дени Бонестај, публиката сe уште го поврзува само со таа песна.
Токму од таа причина, пејачот вклучи и црн Мерцедес како негов препознатлив симбол во спотот за новата песна што ја објави.
– Дојдов до идеја да го споменам црното мече во новата песна и тоа им го кажав на креаторите на текстот. И одлично го вклопија – рече Дени.
Пејачот беше искрен и призна дека профитираше многу од споменатата песна, и покрај сите други квалитетни песни што ги објави со текот на годините, ниту една од нив дури и не се доближи до „Црно Мече“.
– Слободно можам да кажам дека тоа е моја лична карта. Некои чекаа таков хит цел живот, а тоа ми се случи на 16 и пол години.
Сe уште работам на таа песна. И ако снимив еден куп песни после тоа, луѓето ме препознаваат само по тоа. Јас и денес живеам од таа песна.