Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 19 степени.
Потоа утре, особено претпладне ќе има услови за повремен локален дожд, додека од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето, па за време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат и до околу 0 степени.
Максималните пак ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.