Сопругата на Џеф Безос маѓепсана од Ди Каприо – Еве што милијардерот имаше да каже

ИЗВОРНов Лист
|

Џеф Безос на шега се закани дека ќе го турне Леонардо ди Каприо од карпа, откако неговата сопруга Лорен Санчез била маѓепсана од појавата на холивудска ѕвезда на настан во Лос Анџелес.

Минатиот викенд вториот најбогат човек на светот беше со сопругата на „LACMA Art and Film Gala“, при што Лорен „падна“ кај Ди Каприо (46).

На видеото кое се споделува на социјалните мрежи, сопругата на Безос (51) изгледала хипнотизирано додека стоела покрај згодниот Ди Каприо.

Иако богатството на поранешниот извршен директор на Амазон се проценува на околу 203 милијарди долари, дури и ако Безос (57) стои зад еден од најголемите светски бизниси, како и зад најуспешната комерцијална вселенска програма, се чини дека ништо од тоа не одговара на шармот на Леонардо.

Џеф Безос сепак го имаше одговорот – за време на зајдисонце милијардерот е фотографиран над натписот: „Опасност! Стрмна карпа. Фатален пад“.

Тој во објавата напиша: „Лео, дојди овде, сакам да ти покажам нешто…

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.