Петар Грашо мета на критики поради врската со 15 години помлада девојка

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачот Петар Грашо се најде на мета на коментари поради емотивната поврзаност со 15 години помладата Хана Хуљиќ, со која влезе во врска откако по повеќе од две децении раскина со колешката Данијела Мартиновиќ.

Многумина беа изненадени кога Петар и Хана ја официјализираа својата врска, па мислењата беа поделени кога станува збор за нив двајца. Додека некои ја поддржуваат нивната љубов, има и такви кои ги именуваат во коментари на социјалните мрежи.

Имено, на една фан страна е објавена нивна заедничка фотографија на која некои од нив го осудуваат пејачот за емотивната поврзаност со помлада девојка.

„Ми изгледаат како брат и сестра кога ги гледам, не како заљубен пар“,  „Грашо, многу си стар за Хана.Таа би можела да ти биде ќерка“, се дел од коментарите.

Но, имаше и такви кои истакнаа дека ја поддржуваат врската на Петров и Хана и сметаат дека разликата во години не е пресудна.

„Слатко. Тоа е љубов“, „Да живее љубовта“, „Ние обожавателите треба да нè интересира само музиката, а тоа што го прави приватно е негова работа“, „Вистинската љубов не знае години“, напишаа фановите.

Да потсетиме, Даниела и Петар раскинаа годинава по 24 години врска. Врската на пејачот со Хана наводно трае веќе подолго време, а нивната врска ја благословиле нејзините родители Тончи Хуљиќ и Вијекослава.

Тончи неодамна ја коментираше оваа врска:

– Го разбирам интересот на медиумите за Хана и Петар, но никогаш јавно не сум се огласил на тема приватен живот и врски, како на моето семејство, така и на изведувачите со кои работам. Посебно што Петар и Хана имаат слични ставови кон медиумското претставување на приватниот живот, а Петар е и одличен семеен пријател. Ако се среќни, а колку што гледам се среќни, тогаш јас и Вјекослава сме среќни.