СИТЕ ГИ ЗНАЕТЕ НЕЈЗИНИТЕ ХИТОВИ- Tаа исчезна среде слава, а еве како изгледа денес

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Татјана Матејаш, попозната како Тајчи, некогаш беше една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија.

Она што тогаш ја издвојуваше Тајчи во однос на другите пејачки беше кореографијата која неминовно ги придружуваше сите нејзини хитови, меѓу кои и „Hajde da ludujemo“.

Популарната русокоса доживеа огромна слава, а потоа одеднаш реши да се пресели во Америка и ретко се појавуваше во јавноста.

Таа сè уште живее во САД и изгледа фантастично, иако навлезе во шестата деценија од животот, што може да се види во една од нејзините објави на Инстаграм:

Што се однесува до кариерата, Татјана го промени жанрот и денес се занимава со духовно пеење. Тaa е и мотивациски говорник кој споделува позитивни совети.