Ова е убавата ќерка на Јован – Бринета со зелени очи – Водителот ја држи подалеку од очите на јавноста (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Ќерката на Јован Мемедовиќ е вистинска убавица, а ретко кој може да одолее на нејзините очи.

Водителот Јован Мемедовиќ се обидува да го сокрие семејството и приватниот живот далеку од очите на јавноста, па ретко имаме можност да ја видиме неговата ќерка Маша.

Од бракот со Мирјана, Мемедовиќ имаше две деца – синот Урош и ќерката Маша, која порасна во вистинска убавица.

Таа редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, а нема кој не е фасциниран од нејзиниот изглед и многу интересен и необичен стил.

Убавата бринета со необични зелени очи негува автентичен стил на облекување, сака светли и весели бои и ужива да прави уметнички фотографии.

Мемедовиќ ја запознал поранешната сопруга Мирјана во спортски центар за рекреација, а по една година врска почнале да живеат заедно.

Тие се венчаа во 1993 година, а се разведоа во 2014 година. Причината за нивното несогласување во јавноста не е позната, но познато е дека останале во добри и коректни односи.