Сите го знаеме како „Роки“ и „Рамбо“ но дали знаевте дека и добро слика: Изложба на Силвестер Сталоне

ИЗВОРНов Лист
|

Со сликање се занимава веќе неколку децении, но не сакал премногу да се експонира. Досега имал две помали изложби во Русија (2013) и во Франција (2015), но оваа изложба е посебна по тоа што ги опфаќа неговите уметнички дела од доцните 60-ти до денес.

Изложбата е наречена „Магијата на битието“, а Сталоне во своето отворање рече дека само уметноста има способност да одговори на прашањето „Што е животот?

Тој нагласи дека го менува светот и дека дизајнот е практично предвесник на се. Тој исто така додаде дека и сликањето е одлична терапија.

Сталоне слика уште од мал, а првично ги продаваше своите дела за пет долари за да купи карта за превоз.

На почетокот не сакаше да ги сподели своите слики со светот бидејќи смета дека тоа е нешто премногу приватно и интимно.

„Покажи ми ја својата уметност и ќе ти кажам кој мислам дека си. – заклучи тој кон крајот на својот говор.

Интересно е што сликарството му претходи на неговата актерска кариера и како колекцијата слики од 1975 година се вика „Наоѓајќи го Роки“. Тука, Сталоне го истражуваше ликот на аутсајдер боксер кој доби шанса да стане одличен.