Златна ракавица: Лама, Јовановски и Етеми одлично се покажаа на турнирот, но загубија

|

Боксерите Јасин Лама, Лео Јовановски и Арсим Етеми заедно со селекторот Руждија Калач се во Лозница,Србија, каде што настапија на силниот 64-ти меѓународен боксерски турнир ,,Златна Ракавица”. Турнирот е многу силен, учествуваат над 20 земји меѓу кои и светската велесила во Боксот, Руската репрезентација.

Ждрепката беше тешка, Лео Јовановски во првото коло боксуваше со Сандро Полетан, еден од најдобрите и најнадежни боксери на Србија во категоријата до 75 кг. Судиите се одлучија победата да му ја дадат на домашниот репрезентативец, иако Лео мајсторски одбоксува со Полетан.

Арсим Етеми боксуваше со Емир Шаботиќ од Црна Гора во категоријата до 80 кг. Иако Црногорскиот репрезентативец боксуваше многу “валкано” ,судиите се одлучија победата да му ја доделат нему.

Јасин Лама пак боксуваше со Ненад Јовановиќ од Србија во категоријата до 63.5 килограми, и иако одлично и надмоќно избоксува, повторно судиите се одлучија да му ја доделат победата на домаќинот.

Стратегијата на селекторот и професор Калач беше да избоксуваат многу внимателно на турнирот и да се сочуваат од повреди, бидејќи настапот на овој силен меѓународен турнир им беше еден вид на ,,тренинг бор ба” за настапот во Регионалната Боксерска Лига кој следува во Скопје во салата ,,Борис Трајковски” веднаш по враќањето од Лозница, каде нашиот тим ,,БК ВАРДАР” на 20/21 декември ќе ги вкрсти ракавиците со боксерскиот клуб ,,Железничар” од Сараево. Тука ќе треба нашите репрезентативци да се покажат во најдобро можно светло!

Полуфиналните бор би (17.12.2021 од 17 часот) како и финалните (18.12.2021 од 17 часот) од овој турнир во Лозница ќе се пренесуваат на ТВ Арена фајт.

За РБЛ (Регионалната Боксерска Лига) и мечот помеѓу Боксерски клуб Вардар и Боксерски клуб Железничар од Сараево дополнително ќе ве известиме.