Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е заинтересиран за ангажман на голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, јавија денеска локалните медиуми.
Според шпанската телевизиска програма „Ел Чирингито“, специјализирана за следење на Ла Лига со посебен акцент на случувањата во Барселона и Реал Мадрид, каталонскиот клуб сака да потпише договор со Димитриевски веќе во јануарскиот преоден рок.
Македонскиот голман сезонава е незаменлив на голот на мадридски Рајо Валјекано, со кого има важечки договор до летото 2024 година.
Рајо Валјекано сезонава се врати во прволигашката конкуренција во Ла Лига, важи за едно од најпријатните изненадувања во шпанското првенство со 30 бода по 18 кола и четвртопласиран е на табелата на место кое води во Лигата на шампиони.