Златан, претера! Ибра со фотографијата на Инстаграм ги налути сите католици на Божиќ

ИЗВОРНов Лист
|

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ (40) им го честиташе Божиќ на сите верници според Грегоријанскиот календар, но успеа да разбесни голем дел од навивачите.

Несоодветната фотографија ја осудија католиците во Италија. Златан вели дека само ја продолжил традицијата. Имено, Ибрахимовиќ го објави средниот прст заедно со пораката „Среќен Божиќ“.

За помалку од еден час доби речиси половина милион „лајкови“ за таа фотографија на Инстаграм, но имаше многу од оние на кои пораката не им се допадна. Навивачите го опсипуваа со негативни пораки, некои му посакуваа да не постигне ниту еден гол во 2022 година, а некои го прозваа поради потеклото.

– Изгледаш како да си од Балканот! Можеш да излезеш од Босна, но Босна од тебе никогаш. Се надевам дека наскоро ќе треба да ја завршиш кариерата, гласеше еден од коментарите.

За некои фотографијата и целиот пристап беа духовити, па го поддржаа Златан со весели емотикони и позитивни коментари.