Прославениот фудбалер Дејвид Бекам (46) објави неколку фотографии на Инстаграм, кои кренаа бура на социјалните мрежи.
Имено, на фотографијата која ја подели со јавноста, Бекам ја бакнува својата ќерка Харпер Севен, пишува Дејли Мејл.
Додека едни истакнуваат колку е убаво и го бранат спортистот, други нагласуваат дека овој потег не е соодветен.
Инаку, Дејвид Бекам од време на време објавува вакви фотографии на социјалните мрежи, а на новогодишната ноќ сподели слично видео со неговата наследничка.
„Ова изгледа навистина лошо. Харпер е веќе голема девојка и време е тато да престане да ја бакнува“. Не ми е јасно зошто барем Викторија не му вели дека ова не треба повеќе да функционира ‘, лошо е тоа што го правиш’, се само дел од коментарите и критиките под фотографијата.
Имено, Дејвид Бекам покрај неа има уште 3 деца со сопругата Викторија, Ромео (19) , Круз (16) и Бруклин(22).
Целосното видео и фотографиите можете да го погледнете со клик ТУКА.