Таткото на исчезнатиот Хрват изјави: Сепак мислам дека тоа е мојот Матеј

|

Потрагата по Матеј Периш (27), кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, се уште е интензивна, а речиси секојдневно се појавуваат нови информации кои би можеле да навестат што се случило со младиот сплитќанец.

Нова мистерија за целиот случај фрли видеото од надзорните камери од кобната вечер, кое го снимило исчезнатиот млад човек најпрво како трча низ градот, а потоа како се спушта по скалите кон Сава, додека во другиот агол се гледа како друго лице се движи кон реката.

На видеото од надзорните камери се гледа како некој, во исто време со Матеј, токму од десната страна, се спушта низ понтонот што води кон Сава. Засега не се знае за кого станува збор, ниту дали полицијата евентуално го идентификувала споменатото лице и кој би можел да расветли што се случувало во моментот кога надзорните камери последен пат го снимиле младиот сплитќанец.

Ненад Периш, татко на Матеј Периш, за српските медиуми вели дека остава на полицијата дефинитивно да истражи се. Но, се сомнева дека силуетата на видеото сепак е на неговиот син.

„Мислам дека тоа е силуетата на Матеј. Ми се чини дека се работи за истото темпо на спуштање на таа силуета и Матеј, и дека сепак е одразот на Матеј. Обрнав внимание на тоа, но така ми се чини. Повторно, мислам дека полицијата мора да открие, затоа има експерти“, рече Периш.