Сања Вучиќ обидувајќи се да биде паметна во шоуто, се посрамоти – Еве што кажа

ИЗВОРНов Лист
|

Познатата Ураганка, Сања Вучиќ во една емисија згрешила па прилично се посрамотила, но шегата ја прифатила на своја сметка.

Имено, Сања гостувала во емисијата „Никогаш не е доцна“, а кога водителот Жика Јакшиќ поставил прашање од граматика, Вучиќ одговорила „како од топ“, очигледно не размислувајќи.

– Што е спротивно од деминутивите – праша водителката, на што Сања одговори:

– Па суперлатив. Филолошки факултет ве молам.

Иако Сања одговори самоуверено, тоа не е точниот одговор. Од деминутивите – зборови со намалено значење, спротивното е аугментатив.

По шоуто Сања сфатила дека погрешила, па во таа прилика се огласила на TikTok и покажала дека и е непријатно поради лапсусот.

-Кога на националната телевизија велите дека спротивното од деминутивот е суперлатив, а не аугментатив – напиша Сања покрај видеото.