Каролина Гочева предупреди: Внимавајте ова е лажна наградна игра (ФОТО)

|

Поп пејачката Каролина Гочева ги предупреди своите фанови и сите граѓани на нашата земја да не подлегнуваат на изм амата која деновиве се шири на социјалните мрежи, а во која се искористени нејзиното име и фотографија.

На својот профил на Инстаграм таа ги предупреди фановите дека на социјалната мрежа Фејсбук направен бил лажен профил кој ги користи нејзините фотографии и податоци, а на фотографијата со која таа ги честиташе празниците, се наведуваат корисници да се регистрираат на сомнителни линкови, за да добијат одредена сума на пари.

,,Лажен профил и лажна наградна игра!“, напиша Каролина во описот на фотографијата што ја сподели, замолувајќи ги сите да ја пријават страницата.

Кусо по нејзината објава, го снемало и лажниот профил со наградната игра.

Досега дел од вакви злоупотреби биле маркетите КАМ, дрогериите ДМ, Макпетрол, Тинекс, како и други брендови. Неколкупати жр* ва беше и сопругата на претседателот Пендаровски. Сигурно постојат и други профили или страници кои зло употребуваат, но се уште не се „вирални“ на Фејсбук.