Канје подготвува модна ревија: Бездомниците ќе бидат во улога на модели

ИЗВОРНов Лист
|

Раперот Канје Вест (44) е загрижен поради зголемениот број бездомници во Лос Анџелес. Тој реши на свој начин да ја подигне јавната свест за проблемот – ставајќи ги бездомниците во улога на модели на својата ревија.

Во новата колекција брендот на Вест Yeezy соработува со брендот за улична облека Skid Row Fashion Week и заедно подготвуваат модна ревија чија цел е да им помогне на бездомниците.

Skid Row Fashion Week е бренд кој донира дел од својот профит на луѓето кои живеат на улиците на Skid Row, голема заедница за бездомници во Лос Анџелес. Тие вработуваат и бездомници во нивната фабрика.

Основачот на брендот Дејвид Себастијан се сретна со Канје на почетокот на месецот и се договори за соработка. Сите приходи од колекцијата на модната недела на Yeezy X Skid Row ќе бидат донирани за помош на бездомниците, рече тој.

Проблемите на животот на улица ќе се одразат и во облеката на претстојната соработка. Имено, Канје моментално работи на зимска јакна од кеси за ѓубре.

Исто така, Канје и Дејвид планираат модна ревија на која ќе ја претстават колекцијата, која ќе излезе на 22 февруари. По тој повод, на модната писта треба да прошетаат бездомниците кои работат во фабриката SRFW.