Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците кои треба да ги мине за да стигне до уште еден настап на големите натпреварувања.
Поради лошиот пласман на последното Европско првенство за да бидеме дел од Мундијалот кој следната година ќе се одржи во Полска и Шведска мораме да минеме две пречки.
Првата е селекцијата на Романија со која ќе се соочиме во првиот круг од баражот и доколку успееме да бидеме подобри во тој дуел следува мечот против репрезентацијата на Чешка.
Со Романците првиот натпревар го играме во Скопје на 14 март, а шест дена подоцна следува и реваншот на теренот на противникот.
Евентуалниот дуел со Чешка е на програмата на 11 и 17 април.ФОТО: Игор Паневски